Категории » Дигитални Апарати » Компактни »

PowerShot A580 НОВО!!

PowerShot A580 има многу функции кои овозможуваат едноставно снимање на одлични фотографии. Модот Easy Mode Ви овозможува безгрижно фотографирање, додека Технологијата за Детекција на лице снима остри слики на лица секој пат.

8.0 мегапиксели
Сензорот од 8.0 мегапиксели ги снима Вашите фотографии до најситниот детаљ - така Вие можете да сечете, да зголемувате, предимензионирате и да уживате во секоја направена фотографија.

4x оптички зум
Леќата со 4x оптички зум Ви овозможува да снимате фотографии од далечина без притоа да се намали квалитетот на сликата. Може да се комбинира и со дигиталниот зум и да се постигне импресивно зголемување од 16 пати.

Технологијата за детекција на движење
Технологијата за детекција на движење спречува снимање матни слики, така што компензира на сметка на движење на предметот што се слика и на мрдањето на апаратот. Бидејќи е дел од технологијата High ISO Auto, овој интелигентен систем користи различни информации како што е технологијата за Детекција на лице и информации за осветлувањето на сцена, за да овозможи снимање остри слики и за да го оптимизира квалитетот на сликата.

Технологија за детекција на лице
Технологијата за детекција на лице овозможува правење одлични фотографии на луѓе, со тоа што автоматски го подесува соодветниот фокус, експозиција, блиц и балансот на бела боја. Опцијата Face Select и Track Ви овозможуваат да го одберете и следите избраниот објект, така што никогаш нема да Ви се случи да изгубите некое посебно лице во гужвата.

Корекција на црвени очи
Функцијата Корекција на црвени очи брзо и лесно ги поправа црвените очи директно-во-апаратот. Може да се подеси за автоматско коригирање додека снимате или пак во модот за репродукција, овозможувајќи очите секогаш да изгледаат природно дури и кога се користи блиц.

DIGIC III и iSAPS
Каноновиот процесор DIGIC III овозможува многу брзи перформанси на апаратот и натпросечен квалитет на слики. Технологијата iSAPS ja анализира секоја сцена за да ги оптимизира главните подесувања на апаратот уште пред да се сними фотографијата.

2.5-инчен LCD екран
2.5-инчниот LCD екран е идеален за гледање на снимените фотографии во друштво. Night Display овозможува видливост на екранот при слаба светлина, а опцијата Grid Line Display помага за распоредување на сликите. Оптичкиот визир (OVF) Ви овозможува да го исклучите екранот за да заштедите батерија.

Модови за фотографирање
Во 16те модови за фотографирање е вклучен и Easy Mode кој ги носи сите главни одлуки за едноставно фотографирање, а модовите Special Scene како што се Sunset, Portrait и Kids & Pets овозможуваат снимање одлични фотографии во секојдневни ситуации. Модот My Colors овозможува апликација на специјални колор ефекти (како Black & White) врз сликите и филмовите, директно-во-апаратот и за време на сликањето

Видео записи
Во модови за сликање е вклучен и Long Play (LP) за снимање VGA (20fps) клипови, кој користи простор на мемориската картичка половина од нормалното.

Директно печатење
Со PowerShot A580 печатењето е возможно веднаш. Поврзете го со печатач компатибилен со PictBridge, притиснете го копчето Print/Share и ќе добиете испечатена колор фотографија за само неколку секунди. Со поврзување со Canon SELPHY CP печатач можете да печатите фотографии за лична карта, но и видео кадри.

Подобри фотографии, на полесен начин

8.0 мегапиксели
4x оптички зум
Технологија за детекција на движење
Технологија за детекција на лице
Корекција на црвени очи
DIGIC III and iSAPS технологија
2.5-инчен LCD екран и OVF
16 модови за фотографирање и Easy Mode
VGA и LP видео записи
Копче PictBridge и Print/Share