Категории » Дигитални Апарати » Компактни »

PowerShot A590 IS НОВО!!


Бидете уште покреативни со PowerShot A590 IS. Експериментирајте со целосна мануелна контрола и голем избор на оптички леќи, а на Вашите слики острина ќе им даваат повеќе Канон технологии.

8.0 мегапиксели
Сензорот од 8.0 мегапиксели ги снима Вашите фотографии до најситниот детаљ - така Вие можете да сечете, да зголемувате, да предимензионирате и да уживате во секоја направена фотографија.

4x оптички зум со оптички Стабилизатор на слика
Леќата со 4x оптички зум Ви овозможува да снимате фотографии од далечина без притоа да се намали квалитетот на сликата. Оптичкиот Стабилизатор на слика (IS)  ги спречува последиците од мрдање на апаратот и овозможува снимање јасни фотографии во сите ситуации.

Технологијата за детекција на движење
Технологијата за детекција на движење спречува снимање матни слики, така што компензира на сметка на движење на предметот што се слика и на мрдањето на апаратот. Бидејќи е дел од технологијата High ISO Auto, овој интелигентен систем користи различни информации како што е технологијата за Детекција на лице и информации за осветлувањето на сцена, за да овозможи снимање остри слики и за да го оптимизира квалитетот на сликата.

Технологија за детекција на лице
Технологијата за детекција на лице овозможува правење одлични фотографии на луѓе, со тоа што автоматски го подесува соодветниот фокус, експозиција, блиц и балансот на бела боја. Опцијата Face Select и Track Ви овозможуваат да го одберете и следите избраниот објект, така што никогаш нема да Ви се случи да изгубите некое посебно лице во гужвата.

Корекција на црвени очи
Функцијата Корекција на црвени очи брзо и лесно ги поправа црвените очи директно-во-апаратот. Може да се подеси за автоматско коригирање додека снимате или пак во модот за репродукција, овозможувајќи очите секогаш да изгледаат природно дури и кога се користи блиц.

DIGIC III и iSAPS
Каноновиот процесор DIGIC III овозможува многу брзи перформанси на апаратот и натпросечен квалитет на слики. Tехнологијата iSAPS ja анализира секоја сцена за да ги оптимизира главните подесувања на апаратот уште пред да се сними фотографијата.

2.5-инчен LCD екран
2.5-инчниот LCD екран е идеален за гледање на снимените фотографии во друштво. Night Display овозможува видливост на екранот при слаба светлина, а опцијата Grid Line Display помага за распоредување на сликите. Оптичкиот визир (OVF) Ви овозможува да го исклучите екранот за да заштедите батерија.

Модови за фотографирање и мод My Colors
19те модови за фотографирање варираат од целосна мануелна контрола до Easy mode за многу лесно ракување, а модовите Special Scene вклучуваат и Sunset. Модот My Colors овозможува апликација на специјални колор ефекти врз сликите и филмовите, директно-во-апаратот и за време на сликањето.

Видео записи
Во модови за сликање е вклучен и Long Play (LP) за снимање VGA (20fps) клипови, кој користи простор на мемориската картичка половина од нормалното.

Голем избор на дополнителна опрема
Комплетниот избор на дополнителна опрема вклучува леќи Wide converter и Tele converter, леќа за зумирање, како и Slave flash за правење покомпактни и креативни фотографии.

Едноставно сликање на креативни фотографии

8.0 мегапиксели
4x оптички зум со оптички Стабилизатор на слика
Технологија за детекција на движење
Технологија за детекција на лице
Корекција на црвени очи
DIGIC III and iSAPS технологија
2.5-инчен LCD и OVF
19 модови за фотографирање и мод My Colors
VGA и LP видео записи
Голем избор на дополнителна опрема