Категории » Дигитални Апарати » IXUS »

Digital IXUS 80 IS НОВО!!!

Четирите атрактивни бои ги истакнуваат нежните кривини на Digital IXUS 80 IS. Во камерата има и оптички Стабилизатор на слика и водечки технологии за забавно и елегантно фотографирање.

Боите на IXUS
Достапен е во четири бои – Класично сива, Розе, Карамел and Чоколадо. Апаратот Digital IXUS 80 IS мора да се има. Тој има алуминиумско куќиште.

8.0 мегапиксели
Сензорот од 8.0 мегапиксели детално ги „фаќа„ сликите и овозможува креативно дотерување и печатење на големи формати.

3x оптички зум со оптички Стабилизатор на слика
Компактниот апарат Digital IXUS 80 IS има леќа со 3x оптички зум овозможена од усовршената Ultra-High Refractive Index Aspherical (UA) технологија. Оптичкиот Стабилизатор на слика (IS) Ви овозможува да снимате остри слики во услови на слабо осветлување и кога сликате со зум.

Технологија за детекција на движење
Веќе не треба да се грижите за матни слики благодарение на технологијата за детекција на движење. Оваа интелигентна функција го детектира мрдањето на апаратот и на објектот и потоа го подесува нивото на ISO за да спречи снимање матни слики. Оваа функција го зголемува квалитетот на сликите.

Технологија за детекција на лице
Технологијата за детекција на лице овозможува правење одлични фотографии на луѓе, со тоа што автоматски го подесува соодветниот фокус, експозиција, блиц и балансот на бела боја. Опцијата Face Select и Track Ви овозможуваат да го одберете и следите избраниот објект, така што никогаш нема да Ви се случи да изгубите некое посебно лице во гужвата.

Корекција на црвени очи
Функцијата Корекција на црвени очи брзо и лесно ги поправа црвените очи директно-во-апаратот. Може да се подеси за автоматско коригирање додека снимате или пак во модот за репродукција, овозможувајќи очите секогаш да изгледаат природно дури и кога се користи блиц.

DIGIC III и iSAPS
Каноновиот процесор DIGIC III овозможува многу брзи перформанси на апаратот и натпросечен квалитет на слики. Tехнологијата iSAPS ja анализира секоја сцена за да ги оптимизира главните подесувања на апаратот уште пред да се сними фотографијата.

2.5-инчен PureColor LCD II екран
2.5-инчниот PureColor LCD II екран со висока резолуција овозможува извонредно широк агол на гледање, идеален за гледање на фотографиите во група. Екранот има и импресивен контраст на боја, кој овозможува видливост на екранот и под силна светлина. Оптичкиот визир (OVF) Ви овозможува дополнителна флексибилност.

Модови за фотографирање и мод My Colors
18 модови за фотографирање вклучуваат и модови Special Scenes како Sunset, Beach и Fireworks, кои ги оптимизираат подесувањата на камерата за лесно снимање на популарни настани. Модот My Colors овозможува апликација на специјални колор ефекти  врз сликите и филмовите, директно-во-апаратот и за време на сликањето

Видео записи
Во модови за сликање е вклучен и Long Play (LP) за снимање VGA (20fps) клипови, кој користи простор на мемориската картичка половина од нормалното. Со модот Time Lapse movie може да фотографирате изгрејсонце или цутење на цвет.

Алуминиумско куќиште во 4 различни бои
8.0 мегапиксели
3x оптички зум со оптички Стабилизатор на слика
Технологија за детекција на движење
Технологија за детекција на лице
Корекција на црвени очи
Процесор DIGIC III и технологија iSAPS
2.5-инчен екран PureColor LCD II