Категории » Дигитални Апарати » EOS »

EOS 40D

Сензор CMOS од 10.1 мегапиксели
Каноновиот сензор CMOS му овозможува на апаратот широк и динамичен распон. Тој успева да „улови„ ситни детали во услови на сенка или прејако светло. Усовршениот дизајн на пиксели и вградениот уред за редукција на шум гарантира чисти, јасни слики. Сликите се претвораат на 14 бита за пофини нијанси и за натпросечно квалитетна репродукција на боја.

Снимање со 6.5 fps
Моделот EOS 40D снима до 6.5 кадри (6.5 fps) во секунда и овозможува континуирано сликање до 75 големи JPEG слики (17 во RAW).

Технологија на фокусирање: 9-точки широко-аголен автофокус AF
Прецизниот AF систем користи 9 точки за прецизно фокусирање и на хоризонтални и на вертикални површини. Централната автофокусна точка нуди осетливост до f/2.8. Точките се распоредени преку AF кадарот за подобро фокусирање предмети кои не се во центарот на кадарот.

3.0-инчен LCD екран со мод Live View
Светлиот 3.0-инчен LCD екран има висока резолуција и овозможува  проверка на фокусот и композицијата, со можност за зголемување до 10 x за преглед на поситни детали. Кога сликате од незгодни позиции, модот Live View Ви нуди можност за кадрирање на сликата преку Вашиот LCD екран.  

Процесор DIGIC III
Процесорот DIGIC III е брз и прецизен и обработува слики на 14 бита за пофини нијанси на боја. DIGIC III ја сведува потрошувачката на струја на минимум и овозможува подолг живот на батеријата. Започнува со работа во рок од само 0.15 секунди.

EOS вграден систем за чистење
Апаратот има вграден систем за заштита и чистење, кој овозможува сензорот постојано да биде чист. Цела комбинација од различни технологии ја намалува, уништува и отстранува прашината. Вклучен е и уред Self-Cleaning Sensor Unit кој ја истресува прашината од сензорот при секое вклучување на апаратот.

Опција Picture Style
Однапред сетираните опции Picture Style (Стандард, Портрет, Пејзаж, итн.) овозможуваат лесна контрола на параметрите за обработка на слика. Секој Picture Style нуди различен приказ на бои. Однапред сетираните опции Picture  Style може да се подесат директно-во-апаратот или преку обезбедениот софтвер Picture Style Editor.

Куќиште од магнезиумска легура
Издржливото куќиште од магнезиумска легура го штити апаратот од последиците на интензивно користење.

Леќи EF и дополнителна опрема
Моделот EOS 40D е компатибилен со сите леќи кои имаат повеќе од 60 EF , со леќи EF-S и со сите блицови од серијата EX Series Speedlite. Опционално уредот Wireless File Transmitter WFT-E3 овозможува безжично снимање и пренос на фајлови.

Конекција
Опцијата Video Out овозможува преглед на снимените фотографии на ТВ екран. За побрз трансфер на податоци можете да го поврзете апаратот со уредот USB 2.0 Hi-speed.

Сензор APS-C CMOS од 10.1 мегапиксели
6.5 fps, 75 JPEG слики
Прецизен широко-аголен автофокус (AF)
3.0-инчен LCD екран со мод Live View
Процесор DIGIC III
EOS вграден систем за чистење
Опција Picture Style
Куќиште од магнезиумска легура
Компатибилен со сите EF/EF-S леќи и EX Speedlites блицови