Полн кадар Сензорот CMOS full frame (полн кадар 35.8 x 23.9мм) од 12.8 мегапиксели, овозможува целосна слобода на изразување, без сечење или зголемување. Широките леќи остануваат широки, а визирот на апаратот е светол и отворен. Со овој апарат се репродуцираат слики со фина тонска градација, во сенка, полутон и прејако светло. Вградениот филтер ја спречува појавата на погрешни бои и шум. Ниските (L:50) и високите (H:3200) ISO подесувања го надминуваат стандардниот опсег од 100-1600.
3 fps (кадри во секунда) Моделот EOS 5D може да снима 60 големи JPEG слики со брзина од 3 fps (кадри во секунда).
Auto focus и блиц Начинот на фокусирање 9-точки AF со помош на 6 помошни AF точки го подобрува фокусирањето на објектот што се снима. Можни се следниве модови за автофокусирање: One Shot AF, AI SERVO AF и AI FOCUS AF. Уредот E-TTL II „комуницира„ со блицот од серијата EX series Speedlites и овозможува постојано прецизна експозиција, па дури и кај предмети со рефлектирачки својства и предмети кои не се во центарот на кадарот.
Голем LCD екран Светлиот 2.5-инчен LCD екран со 230к пиксели е осветлен со 6 LED сијалици и овозможува видливост под агол од 85° од скоро сите насоки.
Опција Picture Style Однапред сетираните опции Picture Style (Стандард, Портрет, Пејзаж, итн.) овозможуваат лесна контрола на параметрите за обработка на слика. Вклучен е и мод Monochrome за снимање црно-бели фотографии, а на кои подоцна може да се нанесе филтер ефект и промена на боја. Секој Picture Style нуди различен приказ на бои. Со секој Style може да се контролира острината, контрастот, бојата и заситеноста на сликата.
DIGIC II Процесорот DIGIC II ги прикажува боите прецизно и точно. Бидејќи е брз и ефикасен, сензорот DIGIC II работи со брзина од 0.2 секунди и ја сведува потрошувачката на струја на минимум, овозможувајќи притоа подолг живот на батеријата.
JPEG и RAW Истовремено може да се снимаат и JPEG и RAW слики.
Софтвер Digital Photo Professional Софтверот Digital Photo Professional овозможува брза обработка на RAW слики, без притоа да се намали квалитетот на истите.
Компактен и робустен Цврстото и компактно куќиште од магнезиумска легура на моделот EOS 5D тежи само 810 грама - идеално за задачи за кои е потребна дискреција.
Конекција Моделот EOS 5D е компатибилен со сите леќи кои имаат повеќе од 60 EF (освен со леќите EF-S) и со сите блицови од серијата EX Series Speedlite. Уредот Wireless File Тransmitter WFT-E1 овозможува безжично снимање и пренос на фајлови. USB 2.0 Hi-Speed овозможува брз трансфер на фајлови, додека опцијата Video Out овозможува преглед на снимените фотографии на ТВ екран. Опционалниот држач на батерии од магнезиумска легура овозможува подолго време на снимање и нуди можност за снимање портрети со вертикално затварање на блендата. Екранот за прецизно фокусирање Precision Matte може да се замени и со опциите Grid Focus и Easy Manual Focus.