Сензор CMOS full frame (полн кадар) од 21 мегапиксели Сензорот CMOS full frame (полн кадар) со 21 мегапиксели овозможува неверојатен приказ на детали – повеќе од стандардниот квалитет кој се бара од водечките агенции за фотографија. Сликите се обработуваат на 14 бита длабочина на боја со пофина градација. Преку ефективната редукција на шум се овозможува снимање на високо квалитетни фотографии, а вградениот филтер ја спречува појавата на погрешни бои и moiré. Со помош на функцијата Highlight Tone Priority може да се подеси широкиот и динамичен опсег на сензорот така за да зачувува повеќе детали во услови на појака светлина.
Процесори Dual DIGIC III Процесорите Dual DIGIC III овозможуваат брзи перформанси на апаратот.
5 fps (кадри во секунда) со максимум 56 слики Моделот EOS-1Ds Mark III може континуирано да снима до 56 големи JPEG слики (12 во RAW) со брзина од 5 fps (кадри во секунда).
Технологија на фокусирање: широко-аголен автофокус AF со 19 точки Прецизниот AF систем користи 19 точки за прецизно фокусирање, со осетливост до f/2.8. Точките се распоредени преку AF кадарот за подобро фокусирање предмети кои не се во центарот на кадарот. Со помошните 26 точки се овозможува уште поголема прецизност.
EOS вграден систем за чистење Апаратот има вграден систем за заштита и чистење, кој овозможува сензорот постојано да биде чист. Цела комбинација од различни технологии ја намалува, уништува и отстранува прашината. Вклучен е и уред Self-Cleaning Sensor Unit кој ја истресува прашината од сензорот при секое вклучување на апаратот.
Широк опсег на ISO брзини Широкиот опсег на ISO брзини од 100-1600 може да се зголеми и до 50 (ниски) и 3200 (високи). 3.0-инчен LCD екран со мод Live View Светлиот 3.0-инчен LCD екран има висока резолуција и овозможува проверка на фокусот и композицијата, со можност за зголемување до 10 x за преглед на поситни детали. Кога сликате од незгодни позиции, модот Live View Ви нуди можност за кадрирање на сликата преку Вашиот LCD екран.
Опција Picture Style Однапред сетираните опции Picture Style (Стандард, Портрет, Пејзаж, итн.) овозможуваат лесна контрола на параметрите за обработка на слика. Секој Picture Style нуди различен приказ на бои. Однапред сетираните опции Picture Style може да се подесат директно-во-апаратот или преку обезбедениот софтвер Picture Style Editor.
„Запечатено„ куќиште од магнезиумска легура Куќиштето од магнезиумска легура - запечатено и заштитено од прашина и влага - го заштитува апаратот EOS-1Ds Mark III од невреме и од последиците од интензивно користење.
Компатибилност на EOS Апаратот EOS-1Ds Mark III е компатибилен со сите EF леќи (освен леќите EF-S), со сите блицови од серијата EX Series Speedlite, како и со уредот Wireless File Transmitter WFT-E2 .