Промоција

Барај производ

Асортиман

Категории » Факсови »

FAX-L140

Уредот Super G3 претставува професионален, квалитетен и достапен ласерски факс со компактен и елегантен дизајн. Едноставен за користење и економичен, тој е идеалното решение за мали и средни претпријатија.

Брзо и ефикасно праќање факсови
Факсот Super G3 праќа документи со брзина од 3 секунди по страна и Вашите трошоци за комуникација ги сведува на минимум. Факсовите се праќаат и добиваат во најкус можен рок, со што се ослободува телефонската линија.

Безгрижно праќање факсови
Факс меморијата од 340 страни безбедно ги зачувува сите влезни документи во случај да снема хартија или тонер. За да заштедите време, можете да ги скенирате подолгите документи пред самото праќање – тие подоцна автоматски се праќаат од меморија.

Брзо и едноставно бирање броеви
Бирајте броеви брзо и едноставно со помош на 15 на-копче и 100 скратени speed dials на кои се меморирани сите броеви кои најчесто ги користите. Дворедниот дисплеј овозможува едноставно ракување со овој факс.

Брзо внесување документи
Со помош на Автоматскиот внесувач на документи (Automatic Document Feeder) за 30 страни, Вие можете да праќате документи по факс или да копирате подолги документи во само еден чекор. Ќе заштедите време на дополнување хартија, бидејќи капацитетот на касетата изнесува 150 листа.

Технологија Ultra High Quality за обработка на слики
Нашата технологија за обработка на слики Ultra High Quality совршено праќа детални документи, како што се дијаграми, слики или текст. Полунијансната репродукција со 256 нијанси на сива скала дава уште поголема длабочина и јасност на сликите.

Копирање по потреба
По потреба овој уред може да се користи и како фотокопир, со брзина на копирање од 12 копии во минута. Практично не постои време на загревање од sleep mode, така што нема да чекате и залудно да го трошите Вашето време.

All-in-One кертриџ
Едноставно заменето го All-in-One кертриџот кој содржи тонер, ваљак и останатите важни делови и Вашиот факс ќе биде скоро како нов. Нема неред, нема збрки – само континуирано високо квалитетни резултати во секое време.

Економичен
Овој факс е економичен (користи само 3 вати во sleep mode) и не е штетен за околината.

Високо квалитетен ласерски факс сместен во компактна и елегантна единица

Компактен и брз факс Super G3
Меморија на факс од 340-страни (праќање и примање факсови)
Speed dials: 15 на-копче и 100 скратени
Автоматски внесувач на документи (Automatic Document Feeder) за 30 страни
Капацитет на касета - 150 листа
Ultra High Quality технологија за обработка на слика
Копирање по потреба
All-in-One кертриџ