Заштеда на трошоците и на време Овој Super G3 ласерски факс праќа документи со брзина од 3 секунди по страна, така што Ви се намалуваат трошоците и се троши помалку време стоејќи покрај машината. Може да се добијат повеќекратни факсови без блокирање на линијата, заштедувајќи Ви уште повеќе време.
Сигурно и безгрижно праќање факсови Факс меморијата од 510 страни безбедно ги зачувува сите влезни документи во случај да снема хартија или тонер во текот на ноќта или викендот. Излезните документи може да се скенираат во меморија, за праќање во неударни термини, кога телефонските цени се намалени.
Контрола на трошоците и засилување на безбедноста Моделот i-SENSYS FAX-380S има алатка Departmental ID Management за контрола на трошоците и засилување на безбедноста. Ова Ви овозможува да подесувате и чувате различни ID-a и лозинки за секој оддел и да ја ограничите употребата на факсот само за авторизиран персонал. Идеален е за потребите на одделите за менаџмент и сметководство и Ви овозможува да го проверувате праќањето факсови, печатењето и копирањето и за секој корисник и за секој оддел.
Едноставно ракување со уредот Поради капацитет од 250 листа хартија касетата треба да се полни многу поретко. Со автоматскиот внесувач на документи (Automatic Document feeder) од 50 страни, подолгите документи може да се испраќаат наеднаш без потреба од претходно разделување. Бирањето броеви е брзо и едноставно бидејќи 31 на-копче и 100 кодирани броеви ги чуваат сите Ваши редовни броеви. Достапна е и опционална телефонска слушалка.
Ultra High Quality Користете ги придобивките од квалитетното ласерско печатење на обична хартија со јасни и остри слики. При праќање документи, како што се дијаграми или фотографии со текст, Каноновата уникатна Ultra High Quality технологија гарантира совршен финиш секој пат. Полунијансната репродукција со 256 нијанси на сива скала дава уште поголема длабочина и јасност на сликите.
Брзо ласерско печатење Моделот i-SENSYS FAX-380S може да се користи и како ласерски печатач или копир со брзина од 18 страни во минута, преку USB конекција. Ќе добиете натпросечно квалитетен резултат со резолуција од 600 dpi. Нашата On-Demand fixing технологија буквално го елиминира времето на загревање за уште побрз резултат.
All-in-One кертриџ Едноставно заменето го All-in-One кертриџот, кој содржи тонер и сите останати важни делови и Вашиот факс ќе биде како нов. Нема неред, нема збрки – само континуирано високо квалитетни резултати во секое време.