Интелигентниот iR3180C/Ci е навистина достапен црно бел мултифункционален уред кој Ви овозможува и печатење во боја – само кога е потребно.
Интелигентно користење боја Додадете само малку боја – на вистинските места – и тоа ќе трае. Како замена за трошоците и збрките од различни десктоп печатачи, iR3180C/Ci претставува мултифункционален уред кој Ви овозможува да користите боја селективно и интелигентно за да ја осветлите Вашата комуникација – со максимизирање на впечатокот, а намалување на трошоците.
Подесете го уредот да печати автоматски црно-бело, или одберете го Каноновиот Auto-Colour Sensing за најновото интелигентно колор печатење. Ова значи дека iR3180C/Ci е доволно интелигентно направен за да препознае дали некоја страна/ страни во некој документ содржат боја и потоа го печати соодветно. А само малку поскапо од истата, но црно-бела копија. Кога не е потребна боја, Вие не плаќате за неа – ова е револуционерна иновација во комуникација со документи.
Ударен печатач Креирајте привлечни saddle-stitched брошури и добивајте понуди од муштерии за изработка црно-бело и во боја. Истите можете да ги спојувате или дупчите со голем избор на опции за финиширање, како што е иновативниот уред за внатрешна финална обработка. Копиите се печатат со брзина од 31 страна во минута и колор – кога Ви треба – за пристојни 7 страни во минута, со поддршка од PS/PCL.
Комуницирајте и разменувајте информации Откријте еден нов свет на можности за комуницирање со моделот iR3180C/Ci. Скенирајте документи преку внесувачот на документи и веднаш пратете ги каде што треба – во мрежни фолдери, и-меил адреси и поштенски сандачиња.
Комплетна контрола Вие можете да го контролирате пристапот до уредот или да воведете ограничување за користење преку модот Department ID. Можете исто така да го додадете Каноновиот uniFLOW Output Manager за детален увид кој што печати, каде и колку тоа Ве чини. Бидејќи е компатибилен со Windows Vista и IPv6, овој модел iR3180Ci лесно се интегрира во Вашата деловна средина, а Каноновата iW Management Console, веб базирана алатка, Ви овозможува централно да раководите со Вашите мрежни уреди. Алтернативно, можете да ја одберете верзијата iR3180C „само копир„, со опција за дополнително додавање функционалности и софтвер според потребите.
Безбедност Вашите информации ги чува големиот избор на можности за безбедност, како лозинка или контрола на пристап преку проверка на отисоци, заштитени поштенски сандачиња и процедури за шифрирање податоци.