Се што Ви е потребно Комуницирајте во боја и оставете впечаток со неверојатно ефикасниот iRC2380i. Овој компактен, мултифункционален мрежен уред со опција за безжично работење преку LAN, функционира и како центар на целата Ваша размена на документи. Ви овозможува да добивате и да дистрибуирате информации со голема брзина и сигурност.
Не зафаќа простор Кога одбирате печатач кој треба да Ви помогне да ја подобрите ефикасноста во Вашата канцеларија, важно е да одберете уред кој е соодветно опремен, кој нема да троши многу од Вашиот буџет и нема да зазеде многу простор во Вашата канцеларија. Уредот на Канон iRC2380Ci е интелигентно и навистина достапно решение, кое овозможува продуктивна размена на документи во боја – се од еден компактен мултифункционален уред.
И благодарение на функцијата Auto Colour Sensing на Канон, уредот автоматски препознава кои документи содржат боја, а кои не, па потоа печати соодветно, но исто така помага при одредување на цената по страна и со тоа ги намалува трошоците.
Продуктивност и професионалност Уредот iRC2380i печати со брзина од неверојатни 23 страни во минута – без разлика дали печатите црно-бело или во боја! Очекувајте високо квалитетни копии секој пат благодарение на високо квалитетните тонери на Канон. Одберете различни типови медиуми и опции за финална обработка за да креирате извештаи, документи, предлози, презентации, брошури, впрочем се што Ви треба за да бидете подобри од Вашата конкуренција.
Со помош на внесувачот на документи, Вие можете да скенирате документи и веднаш да ги препраќате – на мрежни фолдери, и-меил адреси и поштенски сандачиња.
Економичeн На располагање имате повеќе моќни алатки кои Ви овозможуваат да ги контролирате трошоците. Алатката на Канон iWAM MEAP Ви овозможува да контролирате кој печати, што и каде печати и колку тоа Ве чини Вас. Со функцијата uniFLOW Output Manager, можете и да го ограничите пристапот до одредени функции (печатење, копирање, скенирање и праќање факсови) на одредени корисници, групи и оддели.
Безбедeн и сигурeн За поголема безбедност, може да се контролира пристапот до уредот преку лозинки, процедури за логирање, па дури и преку проверка на отпечатоци на прсти. На доверливи документи можат исто така да се втиснат тајни водени печати за да се спречи нивно недозволено копирање, а исто хард дисковите можат да се шифрираат или да се избришат.
Покрај тоа што Ви овозможува да ги намалите трошоците, уникатната алатка e-Maintenance на Канон автоматски ги набљудува Вашите уреди и нивниот статус и праќа извештаи до сервисните центри и до партнерите на Канон, така што нема потреба да се грижите за постојано набљудување на уредот.
Компактниот, мултифункционален и неверојатно ефикасен уред iRC2380i Ви овозможува комуникација во боја за оставање силен впечаток. Компактен и мултифункционален печатач за Вашите оддели Брзина на печатење: 23 страни во минута во боја / црно-бело Функција Automatic Colour Sensing (ACS) Опции за професионална финална обработка Моќна контрола на безбедноста и трошоците