Компактен и достапен Моделот DR-1210C е елегантно дизајниран и не зазема многу простор, па така лесно го собира и во најтесниот агол. Можете да го сместите на Вашата работна маса, на пулт или на полица. Користете ги придобивките од овој компактен и комплетен уред за скенирање со навистина прифатлива цена.
Флексибилна двојна функционалност Флексибилната двојна функционалност на уредот овозможува ефикасно скенирање на различен материјал. Скенирајте повеќе страни документи со Автоматскиот внесувач на документи (Automatic Document Feeder) и заштедете време. Можете да скенирате и книги, пасоши, подебели документи, деликатни оригинали па дури и бизнис картички - едноставно ставете ги врз стаклената плоча и скенирајте од Вашата работна маса.
Ракување со уредот со едно притискање Лесно ракувајте со DR-1210C. Скенирајте па печатете, скенирајте на фајл или скенирајте на и-меил со притискање на едно копче на контролниот панел. На 5 одделни копчиња можат да се репрограмираат и до 50 конкретни функции, со што се заштедува дополнително време.
Сигурен и издржлив Овој робустен скенер продолжува да работи сигурно од ден за ден. Тој е изграден за да трае. Издржливиот DR-1210C го има најдолгиот век на работење во својата класа, со што максимално ќе Ви се врати инвестираната сума.
Високо квалитетни слики Со овој скенер ќе добивате високо квалитетни скенирани документи слични на оние од најсофистицираните скенери. Оптичката резолуција од 600dpi ги „фаќа„ и најситните детали во сликите. Тродимензионалната корекција на боја и карактеристиката Colour Dropout ја зголемуваат прецизноста и ефикасноста на овој уред.
Брз за Вашата целокупна работа Овој уред ги скенира сите Ваши документи со еднаква брзина - колор, црно-бели или сива скала. Скенирајте без успорување или грижи со брзина од 12 страни во минута и ќе го добиете истиот продуктивен резултат.
Направете ги бледите текстови - читливи Скенирајте блед текст, потписи или забелешки со молив без никаков проблем со помош на напредниот мод Тext enhancement. Други функции за обработка на слики вклучуваат: отстранување дупки, автоматско препознавање на големина на страна и исправување.
Софтвер CapturePerfect: совршенство на еден допир Софтверот CapturePerfect значително го подобрува квалитетот на сликата, така што Вашите дигитални документи често ќе изгледаат подобро и од самиот оригинал. Овој софтвер го олеснува скенирањето, снимањето, делењето и печатењето на документите. Други слични софтвери се Adobe® Acrobat® Standard и OmniPage® SE. За лесно и ефикасно ракување со Вашите бизнис картички користете го Presto! BizCard Reader 5 SE.