Категории » Опрема За Архивирање » Документ Скенери »

DR-2580C

Елегантен и компактен избор
Елегантниот DR-2580C лесно го собира на Вашето биро, полица или пулт, така што нема ни да го забележите се додека не Ви затреба брзо и јасно скенирање. Овој модел е идеален за фирми со обемна работа.

Скенирајте секаков вид документи
Можноста за скенирање А4 формат е само почеток. Со неговата иновативна права патека за хартија, DR-2580C може да скенира пластични картички, дебела и тенка хартија и скоро секаков вид документи. Овој скенер за на работна маса може и да се расклопи, овозможувајќи Ви дополнителна флексибилност да скенирате директно од повезени книги, од извештаи и списанија.

Скенирајте повеќе, а побрзо
Благодарение на една од најголемите брзини на скенирање - 25 страни во минута (A4, портрет, еднострано, црно-бело, со 200 dpi), овој уред Ви овозможува да работите брзо и ефикасно. Нуди иста брзина и за еднострано и за двострано скенирање, така што во истиот момент кога ќе Ви затребаат ќе добиете високо квалитетни скенирани документи.

Високо-квалитетна слика
Моделот DR-2580C скенира црно-бело, колор (24 бита), сива скала и двострано. Сите документи имаат остра, јасна и детална слика, без разлика дали се работи за графика, фотографија или блед текст. Големата резолуција (до 600 dpi), автоматското нијансирање и функцијата Colour Dropout која автоматски отстранува црвено, зелено и сино, Ви овозможуваат лесна контрола на работата на уредот.

Флексибилни опции за скенирање
Со помош на напредниот мод Тext enhancement можете да скенирате блед текст, потписи или забелешки со молив без никаков проблем. Уредот DR-2580C има и алатка за отстранување „дупки„ така што секогаш ќе добивате чисти и професионални скенирани документи.

Лесно и ефикасно ракување со документи
Моделот DR-2580C доаѓа во комплет со софтверот CapturePerfect кој помага да се оптимизира квалитетот на сликата, Ви овозможува да ги прикажувате сликите како што сакате и Ви овозможува контрола за побрзо и поефикасно печатење. Со дополнителниот Adobe® Acrobat® Standard можете да креирате PDF фајлови кои потоа ќе бидат достапни за сите во Вашата организација. Со само едно притискање можете да скенирате документи директно во Вашиот и-меил софтвер. Оваа флексибилност Ви дава контрола за соодветно и ефикасно управување со документи.

Ултракомпактно дно
Голема брзина на скенирање - 25 страни во минута (A4, портрет, црно-бело, со 200 dpi)
Сива скала и колор скенирање
Одличен квалитет на слика - 600 dpi
Алатка за скенирање блед текст
Софтвер CapturePerfect и Adobe® Acrobat® Standard