Категории » Опрема За Архивирање » Документ Скенери »

DR-3080CII

Натпросечна брзина на печатење
Уредот DR-3080CII нуди различни можности за скенирање. Стандардни текст документи можат да се скенираат во Black & White (Binary) мод со брзина од 40 страни во минута (или 80 страни, но двострано). Доколку некој документ содржи и фотографии, модовите Error Diffusion и поддршката за 256 нијанси на сива скала ќе овозможат подобри резултати. Исто така, уредот DR-3080CII нуди мод за колор печатење
(24 бита) за еднострано или двострано печатење. Иновативната технологија промовира брза продуктивност без разлика дали скенирате колор или сива скала.

Едноставно ракување со уредот
Екранскиот панел овозможува брзо и лесно ракување со уредот овозможувајќи им на корисниците да ги менуваат подесувањата, па дури и да одвојуваат куп документи. Кога во еден куп се измешани еднострани и двострани документи, алатката skip blank page автоматски ги детектира и отфрла празните страни. Овој уред исто така содржи и до 20 кориснички ориентирани подесувања, како и функцијата Help.

Мод Pre-scan за заштеда на време
Уникатниот pre-scan мод ја поедноставува работата на скенерот и заштедува време кога се скенираат поголем број документи. Кога ќе се прикаже првата страна на екранот, Вие можете да ја регулирате бистрината и контрастот и веднаш да ги видите резултатите (за разлика од функцијата preview). Овие параметри потоа може да се подесат и за остатокот од документите. Ова функционира и при скенирање во Black & white (binary) мод.

Продуктивно користење хартија
Начинот на внесување документи во скенерот DR-3080CII, кој е високо вреднуван, Ви овозможува долготрајно, флексибилно и сигурно еднострано, т.е. двострано скенирање на формати се до B4. Моделот DR-3080CII има и алатка Folio, со која може да се скенираат уште поголеми документи (од формат B4 до A3). Едноставно свиткајте го документот на пола и ставете го во скенерот. DR-3080CII ќе го скенира од двете страни и потоа ќе направи комбинација од двете страни во една.

Направете ги бледите текстови - читливи
Алатката Advanced Text Enhancement на уредот DR-3080CII го подобрува квалитетот на црно-белите слики. Оваа алатка значително ги оптимизира неквалитетните слики, како што се документи со обоена или шарена позадина, со блед текст или пак документи напишани со молив.
Голем избор на апликации
Во комплет со скенерот DR-3080CII доаѓаат TWAIN драјвери и софтверите ISIS™ и CapturePerfect за Windows® 98/ME/NT/2000/XP.

Скенира двострано, колор документи (24 бита)
Поддршка за 256 нијанси на сива скала
Еднострано/ двострано скенирање до формат B4; скенирање фолио од B4 до А3 формат
Едноставен екрански панел
Двоен интерфејс; вклучен софтвер ISIS™, TWAIN драјвери, CapturePerfect