Дополнителни информации Уредот DR-4010C припаѓа на новата генерација канцелариски скенери. Тој е мал, но многу продуктивен. Благодарение на новите технологии тој скенира високо квалитетни колор слики со водечка брзина во својата класа. Идеален е за индивидуи и канцеларии кои имаат потреба од сигурни перформанси и едноставен компактен пакет.
Компактно, брзо скенирање Уредот DR-4010C не е само неверојатно компактен канцелариски скенер – тој е еден од најмалите во својата класа. Димензиите на дното изнесуваат само 318mm x 278mm x 187mm.Моделот DR-4010C ги извршува сите задачи подеднакво брзо, благодарение на сензорот 3-line CMOS. Слики во боја, црно-бели и сива скала се скенираат со брзина од 42 страни, а двострано - 84 страни во минута. Алатката auto colour detection препознава кои страни се во боја, а кои црно-бели и соодветно ги скенира. Документите кои се комбинација и од двете можат да се скенираат наеднаш – без потреба од претходно двоење на страните.
Високо квалитетни слики Моделот DR-4010C има нов механизам за нијансирање, кој спречува прилепување на прашина од листовите врз неговата плоча; други уреди ја немаат оваа функција. На овој начин се спречува појавата на несакани црни линии на сликите и се намалува потребата од повремено чистење на плочата за да се одржи квалитетот. Сензорот 3-line CMOS исто така гарантира прецизни слики без „излевање„ на бои.
Едноставно ракување со уредот Екранскиот панел и копчињата кои лесно се избираат значително го поедноставуваат скенирањето. Уредот DR-4010C исто така има и корисни алатки кои Ви овозможуваат да скенирате долги документи, до 1000 мм. Двете патеки за хартија, права или во форма на буквата U, овозможуваат максимално флексибилно скенирање. Со помош на правата патека за скенирање и касета за втор документ различни медиуми – како на пр. пластични картички – може да се скенираат до импресивни 546g/m2.
Дополнителен капацитет Со помош на Каноновата алатка Тext enhancement и големиот број модови можете да ја појачате читливоста на некои документи. Документи со шарена позадина, блед текст или бледа позадина и полутонска позадина, можат да се скенираат и да се поправат. Исто така, оваа функција може да се одбере при скенирање на тенка хартија за да се спречи излевање на боите на скенираната слика. Заедно со уредот DR-4010C доаѓаат и Каноновиот софтвер CapturePerfect и Adobe Acrobat 7 Std.