Категории » Опрема За Архивирање » Документ Скенери »

ScanFront 220/P

Дополнителни информации
Скенирајте и разменувајте информации со Вашите колеги - никогаш не било поедноставно. Каноновиот ScanFront 220/220P мрежен колор скенер му дава ново значење на зборот „едноставно ракување“, благодарение на големиот колор екран на допир (Touch screen) и брзиот пристап до мрежа – без дополнителен хардвер или софтвер.

Едноставно скенирање
Уредот ScanFront 220/220P го прави скенирањето и разменувањето информации многу лесно. Едноставно ставете го документот во фиоката за скенирање и одберете ја соодветната икона зависно каде ќе го пратите документот: на и-меил адреса, ftp адреса, мрежен фолдер или на USB.
Со уредот се ракува лесно - можат да го користат сите во канцеларијата: маркетинг одделот, одделот за продажба,  администраторите и логистичките тимови.

Kомпактен и подготвен за работа
Моделот ScanFront 220/220P е со мали димензии и го собира лесно и во аголот од бирото. Склопете ги фиоките за документи и тој ќе биде уште помал. Нема потреба од хардвер или софтвер – уредот ScanFront 220/220P лесно се приклучува во Вашата мрежа.

Едноставен, но сепак продуктивен
Светлиот и остар 8.5-инчен колор екран на допир (Touch screen) е дизајниран со цел да Ви ја олесни работата. Пред да ги испратите документите можете детално да пребарувате, ротирате и зумирате скенирани слики и да се уверите во совршените резултати. Сетирајте ги функциите кои што најчесто ќе ги користите на неколку копчиња и добивајте резултати со само едно притискање.
Големата брзина на скенирање од 26 страни во минута (со 150 dpi) црно-бели/сива скала и 16 страни во минута колор гарантира максимална продуктивност. Брзината на двострано скенирање е 52 односно 16 страни во минута. Оптималната резолуција од 600 dpi овозможува  највисок квалитет на скенираните документи. 
Максимална продуктивност гарантираат и дополнителните функции  Automatic size detection, поправка на излеани бои и позадински шум, автоматско исправување, прескокнување празни страни и OCR функционалноста. А сигурната технологија за внесување документи  – вклучувајќи ја и doubled-feed detection – овозможува скенирање на документи од А4 формат до гравирани бизнис картички од 300gsm.

Засилена сигурност
Заради засилена сигурност, уредот ScanFront 220/220P може да се конфигурира така што корисниците би морале да внесат име и лозинка пред да скенираат или да праќаат документи. Исто така, може да се користи и систем за проверка на отисоци (Fingerprint Authentication). За некои корисници може да се забрани пристап до одредени функции, а PDF документите да бидат шифрирани пред да се испратат – до нив да може да се пристапи само со соодветна лозинка.

Компактен скенер за мрежно скенирање од Вашата работна маса
Брз и сигурен
8.5-инчен колор екран на допир (Touch screen)
Брз пристап до мрежа – без дополнителен хардвер или софтвер
Едноставна конфигурација
Робустен и сигурен; функција Fingerprint Authentication