Промоција

Барај производ

Асортиман

Категории » LCD Проектори »

XEED SX7

Слики со висока резолуција
Моделот XEED SX7 користи LCOS панели буквално без никакви празнини меѓу пикселите, за да проектира совршени слики. Резолуцијата SXGA+ (1400 x 1050 пиксели) гарантира верна репродукција на изворниот текст, цртеж и подвижни слики.

Зачудувачка јасност
Со ултра светлиот лумен 4000, моделот XEED SX7 гарантира дека сликите се проектираат јасно дури и во големи сали или при јаки амбиентални светла. Новите AC светла нудат поголема ефикасност и подолг живот на уредот.
 
Јак контраст
Ослободен од ограничувања во контрастот кај традиционалните LCOS проектори, оптичкиот систем AISYS постигнува висок контраст од 1000:1 за интензивни, длабоки бои и „вистинско„ црно во темни простории.

Скоро нечујно работење
Моделот XEED SX7 е тивок како шепот кога работи во Quiet Mode, со шум намален на само 31dBA. Состаноците и презентациите се ослободени од позадински шум. Поддржан е прогресивен скен дисплеј, за прикажување подвижни слики без трепкање.

Моќна оптика
Каноновата подвижна леќа со 1.7x зум овозможува флексибилно сместување на проекторот, додека неговиот широк агол овозможува да може да се проектираат големи слики на кратка далечина. Леќата може да се користи преку контролниот панел и преку алатката за далечинско управување. Таа има и уникатен заштитен слој кој спречува појава на сенки и отсјај.

Автоматски и едноставен
Инсталирањето е брзо и едноставно. Со Auto Focus проекторот ја детектира оддалеченоста од екранот и соодветно фокусира. Опцијата Auto Screen Colour Correction ги оптимизира подесувањата за гледање преку обоени ѕидови. Опцијата Auto Vertical Keystone Correction спречува трапезоидна дисторзија на сликата. Опцијата Auto Input Selection го детектира активниот влезен порт.

Поддршка за HD
Моделот XEED SX7 има поддршка за HD и може верно да репродуцира High Definition слики.

HD дисплејот е подобрен преку DVI (Digital Visual Interface) port, овозможувајќи високо-квалитетна слика. Моделот XEED SX7 го поддржува HCDP стандардот, дозволувајќи плејбек на шифрирана дигитална содржина. Проекторот може да се контролира мрежа преку опционалниот мрежен адаптер.

Верна репродукција на боја
Моделот XEED SX7 има поддршка за Adobe RGB и исто така има нов светол sRGB мод, за верна репродукција на боја од соодветниот избор на слики.

Идеален за инсталирање
Со неговите компактни решенија и тежина од само 4.8кг, моделот XEED SX7 нуди перформанси слични на оние од инсталационите проектори. Оваа особина го прави моделот идеален за употреба на професионални AV инсталации.

LCOS технологија за SXGA+ резолуција
Ултра светoл (4000 лумени) со AISYS оптички систем
1000:1 контраст
Само 31dBA при работа во Quiet Mode
1.7x зум
Автоматско инсталирање
HD Ready со HDCP-оспособен DVI port
Поддршка за Adobe RGB и sRGB
Компактен, лесен дизајн