Кога се значајни бистрината и квалитетот на сликата, уредот XEED X700 е идеален избор со своите 4000 лумени и резолуција XGA. Усовршената технологија LCOS овозможува неверојатна јасност – идеална за моќни бизнис апликации.
Квалитет LCOS, резолуција XGA Уредот XEED X700 користи LCOS панели за да проектира мазни, верни слики на оригиналот, без несаканиот „ефект на решетка„. Резолуцијата XGA (1024 x 768 пиксели) ја овозможува потребната дефиниција за јасен, остар текст и подвижни слики.
Зачудувачка јасност Со навистина светлата проекција од 4000 лумени, уредот XEED X700 гарантира дека сликите ќе останат видливи и на силна светлина и во големи сали. Новите AC светла нудат зголемена ефикасност и подолг живот на уредот. Усовршениот оптички систем на Канон - AISYS го оптимизира светлосниот пат на проекторот и постигнува моќен резултат од компактната и лесна шасија.
Јак контраст Оптичкиот систем AISYS ги елиминира ограничувањата во контрастот кај традиционалните LCOS проектори. Резултатот е неверојатен контраст од 1000:1, кој овозможува прикажување на интензивни бои и длабоки црни тонови кои верно ја репродуцираат оригиналната слика.
Скоро нечујно работење Работата на уредот во Quiet Mode е скоро нечујна - со шум на вентилаторот од само 31dBA, вниманието на Вашата публика ќе биде насочено само кон Вас. Усовршениот скен дисплеј овозможува прикажување подвижни слики без треперење.
Леќа со зум Подвижната широко аголна леќа на Канон со 1.7x зум проектира големи слики на блиска далечина, овозможувајќи притоа флексибилно поставување на проекторот. Со моќната леќа може да се ракува преку контролниот панел и преку алатката за далечинско управување. Заштитниот слој на леќата спречува појава на сенки и отсјај. Едноставно инсталирање Уредот XEED X700 може лесно да се инсталира. Функцијата Auto Focus ја препознава далечината на проекторот од екранот и соодветно фокусира. Алатката Auto Screen Colour Correction ја препознава бојата на површината на која се проектира и соодветно ги оптимизира подесувањата. Алатката Vertical Keystone Correction автоматски го елиминира евентуалното трапезоидно искривување на сликата. Автоматски може да се одбере и активниот влезен порт, со одбирање на Auto Input.
Усовршена конекција Портот DVI (Digital Visual Interface) на уредот XEED X700 овозможува најдобар квалитет на слика од дигитални извори. Уредот има поддршка за стандардниот HDCP и овозможува високо квалитетна репродукција на шифрирана дигитална содржина.
Компактен дизајн Малите димензии на овој пренослив уред XEED X700 овозможуваат негово едноставно инсталирање. Со тежина од само 4.8 кг, технологијата AISYS создава комбинација од голема бистрина и компактни димензии.
Изненадувачка бистрина. Беспрекорна јасност
LCOS технологија со XGA резолуција Ултра светол (4000 лумени) со оптички систем AISYS 1000:1 контраст Само 31dBA при работа во Quiet Mode Моќен 1.7x зум Автоматско инсталирање DVI порт компатибилен со HDCP Пренослив дизајн