Проекторот LV-7260 овозможува светла, јасна проекција за динамични презентации во канцеларија или на пат. Широко аголната леќа со 1.6x зум овозможува флексибилно поставување на уредот и во најмалите сали за состаноци.
XGA резолуција Проекторот LV-7260 работи со резолуција XGA (1024 x 768 пиксели) и ја овозможува потребната дефиниција за прикажување остар и читлив текст. Резолуцијата може да се зголеми и до UXGA (1600 x 1200) со помош на високо квалитетна компресија.
Јасни, светли слики Нема потреба да ги намалувате светлата или да ги навлекувате ролетните пред почетокот на презентацијата – моќните 2000 лумени овозможуваат видливост на проекцијата, дури и во светли простории.
Контраст 600:1 Големиот контраст од 600:1 гарантира дека секоја презентација остава максимален впечаток – стандардни потемни црни тонови, посветли бели тонови и побогати бои.
Скоро нечујно работење Со помош на Quiet Mode уредот работи на скоро бесшумни 29dBA. Шумот од вентилаторот кој вообичаено одзема внимание, сега е придушен, така што вниманието на публиката останува цврсто фиксирано на Вашата презентација.
Флексибилно поставување Широко аголната леќа со 1.6x зум проектира 100-инчни слики на само 2.9 метри оддалеченост и притоа овозможува проекција на голем екран и во најмалите сали за состаноци. Конструирана со оригинална оптика на Канон, леќата содржи двојни елементи кои не се сферични и заштитен слој против отсјај за постојано високо квалитетни слики.
Функција Keystone correction Функцијата Vertical Keystone Correction ги намалува видливите последици од искривувањето на сликата кое се случува кога проекторот ќе се накоси кон екранот. Уредот LV-7260 може да го поправи накосувањето до ±30 степени.
Природни бои, без разлика на позадината Функцијата Screen Colour Correction ја елиминира потребата од бел екран за проекција – уште една грижа помалку. Сетирањата се така оптимизирани за да ја задржат природната боја на сликите кога се врши проекција на табли, ѕидови и други позадини во боја.
Брзо вклучување и исклучување Проекторот LV-7260 може да почне со работа за само 8 секунди откако ќе се вклучи, а времето на ладење изнесува само 30 секунди.
Економичен Quiet Mode ги намалува трошоците со тоа што го продолжува животот на сијалицата на 3000 часови. Модот за заштеда на струја (Power Saving mode) пак ги намалува трошоците за струја преку автоматското исклучување доколку во одреден период не се пронајде видео сигнал.
Пренослив и компактен Уред LV-7260 е сместен во лесно и компактно куќиште и лесно може да се пренесува. Неговите димензии од 310mm x 265mm – малку поголем од лист А4 хартија – овозможуваат лесно чување на уредот.
Секоја презентација нека остави максимален впечаток
XGA резолуција Светлина од 2000 лумени Контраст 600:1 Скоро бесшумен со 29dBA во Quiet Mode Широко аголна леќа со 1.6x зум Алатка Vertical Keystone Correction Алатка Screen Colour Correction Брзо вклучување и исклучување Компактен и пренослив, со ергономичен дизајн