Категории » Принтери » Инк-Џет »

PIXMA iP 90v

Пренослив фото-лабораториски квалитет
Преносливиот модел PIXMA iP90v ја користи Каноновата технологија FINE print head за печатење квалитетни фотографии и за брзина на печатење на професионален десктоп печатач. Уредите Micro-Nozzles кои испуштаат ситни (2 пиколитри) капки мастило овозможуваат висока резолуција од 4800 x 1200dpi – за натпросечна прецизност и реален приказ на бои.
 
Продуктивна брзина на печатење
Моделот PIXMA iP90v печати со брзина од 16 страни во минута црно-бело и 12 страни во минута во боја. Може да печати и квалитетни фотографии со величина 10 x 15см без рамки за само 51 секунда. Овој модел е единствениот пренослив печатач способен за печатење копии без рамка на величини до А4 формат – идеален за зголемување фотографии.

Можност за безжично печатење
Моделот PIXMA iP90v нуди стандарден IrDA и опционално Bluetooth® адаптер за безжично печатење по желба. Можноста за безжично печатење преку компатибилни апарати со камери, компјутери и PDA овозможува комплетна слобода на печатење. Со тежина од само 1.8 кг, овој ултракомпактен, пренослив печатач ќе ги задоволи потребите дури и на најпребирливите потрошувачи.

Директно печатење од камера
Овој модел печати фотографии директно од било кој дигитален апарат или камера компатибилен со PictBridge – без компјутер – правејќи прекрасни копии без рамки, секаде и во секој момент.

Прекрасни и долготрајни копии
Уживајте и споделувајте ги Вашите фотографии во текот на целиот живот. Со Каноновиот систем ChromaLife100, фотографиите имаат траење до 100 години доколку се чуваат во фото албум (за најоптимален начин на чување фотографии посетете ја страната www.canon-europe.com/chromaLife100).

Преносливост и долготрајна енергија
Доколку не е достапна струја од струјно коло, Каноновата опционална батерија на полнење и полначот LK-51B гарантираат моделот iP90v да продолжи да печати. Исто така можете да одберете опционална опрема која заштедува простор Battery/Cradle kit (CK-51B) која го поддржува печатачот кога не работи, со што полнењето станува уште полесно. Достапен е и опционален адаптер за во кола, со што печатачот може да се полни преку штекерот за запалка за цигари во колата. На тој начин секој може да печати насекаде.

Компактен и моќен пренослив инкџет фото печатач
Погодно безжично печатење со IrDA и опционален Bluetooth®
Резолуција од 4800x1200 dpi, FINE print глава на печатач со 2pl Micro-Nozzles
Брзина на печатење: до 16страни во минута моно и 12 во боја
PictBridge порт за директно печатење од фотоапарат