Вистински 10 колорен печатач за формати А3+ Постигнете извонредни, квалитетни копии од Вашиот дигитален SLR апарат со помош на овој професионален 10-колорен печатач за A3+ формат. Користете ги придобивките од комплетната вградена печатачка контрола. Изборот од 10 бои нуди флексибилност за правење и високо квалитетни колор фотографии како и неутрални монохроматски копии, без менување кертриџи.
Пигментни тонери за извонредно трајни слики Моделот PIXMA Pro9500 користи пигментни мастила за секоја од 10те бои за да овозможи извонредна трајност на слики за целокупната Ваша испечатена работа. Вие секогаш можете да се потпрете на долготрајните и неизбледливи копии за изложби, уметнички продажби, квалитетни примероци и за други комерцијални потреби.
Професионални еднобојни копии Правете професионални квалитетни неутрални монохроматски копии со Photo Black, Matte Black и Grey мастила. Двете црни мастила обезбедуваат извонредни црна густина додека дополнителната сиво мастило гарантира префинето нијансирање во средните тонови. Крајниот резултат е совршенство за Вашата целокупна монохроматска работа, со минимум метамеризам.
Поддршка за специјални уметнички и фото- хартии Моделот PIXMA Pro9500 поддржува широк спектар на специјални уметнички и фото-хартии. Печатете на високо-квалитетна хартија со уникатен површински финиш со помош на Каноновиот нов FA-PR1 Fine Art Paper "Photo Rag™" и FA-PM1 Fine Art Paper Premium Mattе. Најквалитетното средство гарантира Вашата работа да ја задржи својата инвестициона вредност во текот на годините.
Вграденa рамна патека за хартија Печатачот има вградена рамна патека за хартија. Ова овозможува дебела фотографија и „fine art„ хартија да бидат ставени директно во печатачот без ризик од свиткување. Исто така овозможува и извонредна прецизност при печатење ситни детали. Софтвер за професионална контрола на боите Софтверот Adobe® Photoshop® CS/CS2 plug-in дизајниран за работа со Photoshop, овозможува професионална контрола на боја и тон. Каноновиот нов „linear tone’ мод за печатење гарантира лесен и реален колор резултат при печатење на Вашите внимателно ретуширани слики. Добијте прецизна репродукција на бои со само неколку кликања.
Економичен Single Ink систем Технологијата Single Ink овозможува економична работа. Кертриџите со голем капацитет може да се заменат одделно за минимално трошење мастило.
Робустен квалитет на изградба Робусниот и солиден PIXMA Pro9500 е изграден да трае. Зголемете ја способноста и профитабилноста на Вашето студио со помош на оваа трајна и професионална алатка за печатење.