Категории » Принтери » Ласерски »

i-SENSYS LBP3300

Брзина која Ви е потребна
Моделот i-SENSYS LBP3300 брзо печати документи што Ви требаат итно. Брзината на печатење од 21 страна во минута гарантира дека ќе ги исполните дури и најкратките рокови – со професионален резултат како совршен крај.

Автоматско двострано печатење
Стандардно вградениот двоен уред овозможува двострано автоматско печатење со само едно притискање. Направете ги Вашите извештаи попрофесионални и истовремено намалете ги трошоците за хартија. Ова е навистина многу едноставно.
 
Без чекање и грижи
Каноновата технологија On-demand fixing буквално го елиминира времето за загревање и чекање. Првата копија излегува за само 9 секунди па и помалку. Каноновата напредна технологија на печатење и Smart Compression Architecture обезбедуваат натпросечна брзина на обработка – заедно со лесна контрола на сите подесувања на печатачот преку едноставен графички интерфејс.

Професионални и квалитетни копии
Резолуцијата од 600 x 600 dpi гарантира професионален и квалитетен резултат. Оваа резолуција се зголемува до 2400 x 600 dpi со помош на Каноновата технологија Automatic Image Refinement. Направете јасни и остри копии за Вашата целокупна работа – текст, фотографии или графика.

Супер погоден All-in-One кертриџ
Едноставно заменето го Каноновиот уникатен All-in-One кертриџ, кој содржи тонер и останатите важни делови и Вашиот печатач ќе биде како нов. Не се прави неред и лесно се одржува – има само континуирано високо квалитетни резултати. Достапен е и кертриџ чиј тонер има поголем капацитет. Тој овозможува да печатите скоро дупло повеќе страни.

Флексибилно користење хартија
Стандардната касета од 250 листа ги задоволува основните потреби, но, достапна е и дополнителна касета од 250 листа за обемно печатење. Моделот i-SENSYS LBP3300 може да печати на различни формати на хартија.

Опција за мрежно работење
Делете ги ресурсите на печатачот во целата канцеларија со помош на Каноновиот опционален Network Board NB-C2. Лесно се инсталира и ја зголемува продуктивноста на печатењето. Стандардно вграден е и USB 2.0 Hi-Speed кој ја зголемува брзината на обработка на слика помеѓу Вашиот компјутер и Вашиот печатач.

Фронтална операција
Овој елегантен, тивок печатач кој заштедува простор е дизајниран за фронтална операција. Бидејќи лесно може да се смести и во најтесните простори, овозможува лесно заменување на кертриџ и хартија од предната страна.

Ласерски печатач со брзина на печатење од 21 страна во минута
Вграден двоен уред за двострано печатење
Нема загревање или чекање - прва копија за 9 секунди и помалку
Квалитет на печатење: 2400 x 600 dpi (подобрено)
All-in-One кертриџ
Капацитет на касетата - 250 листа, плус опционално касета за 250 листа
Опција за мрежно работење