Категории » Принтери » Ласерски »

i-SENSYS LBP3360

Компактен и робустен
Овој компактен и робустен i-SENSYS ласерски печатач обезбедува професионални документи со брзина од 21 страна во минута. Можноста за управување со уредот одозгора го прави лесен за сместување, за користење и одржување. Стандардно одличните карактеристики на уредот гарантираат продуктивни перформанси.
 
Брз излез на прва копија
Со печатење на првата копија за помалку од 9 секунди и со нула време за загревање, нема простор за чекање. Печатачот е спремен за работа во истиот момент кога е потребен – со помош на технологијата On-Demand Fixing, технологијата UFRII за брза обработка и високо-квалитетен EF тонер.

Практична поддршка за PCL5e/6
Поддршката за PCL5e/6 овозможува лесна интеграција во постоечката PCL околина. Додека UFRII – наша сопствена PDL технологија – обезбедува натпросечна брзина на обработка за брзи резултати.
 
Работа во мрежа
Корисниците можат мрежно да го користат печатачот со помош на вградената картичка Network Interface. Уредот NetSpot Device Installer обезбедува брзо и лесно инсталирање. Интегрираниот Remote User Interface им овозможува на корисниците и администраторите да ја управуваат и надгледуваат состојбата на печатачот преку нивните стандардни интернет пребарувачи.

Професионални и квалитетни копии
Појачаната резолуција од 2400 x 600dpi обезбедува професионален и квалитетен резултат. Направете јасни, остри копии за Вашата целокупна работа - текст или посложена графика.

Автоматско двострано печатење
Намалете ги трошоците за хартија со автоматското двострано печатење со помош на вградениот двоен уред. На овој начин и помагате и на животната средина со намалено користење хартија.

All-in-One кертриџ лесен за одржување 
Едноставно заменето го Каноновиот уникатен All-in-One кертриџ, кој содржи тонер и останатите важни делови и Вашиот печатач ќе биде како нов – подготвен за континуирано високо квалитетни резултати. Опционален кертриџ чиј тонер има поголем капацитет Ви овозможува да печатите скоро дупло повеќе страни, намалувајќи ги притоа трошоците.

Снабдување хартија
Максимален капацитет од 500 листа – составен од стандардна касета од 250 листа плус опционално касета од 250 листа – лесно ја завршува работата и во најзафатените канцеларии. Можете да печатите на различни формати хартија - се до А4.

Компатибилност
Моделот i-SENSYS LBP3360 нуди поддршка за Windows како и за англиската верзија на Mac и Linux. Интерфејсот USB 2.0 Hi-Speed ја забрзува обработката на сликата помеѓу компјутерот и печатачот.

Компактен ласерски печатач со брзина на печатење од 21 страна во минута
Прва копија за помалку од 9 секунди
Поддршка за PCL5e/6 и UFRII
Работа во мрежа
Подобрена резолуција на печатење: 2400x600dpi
Автоматско двострано печатење
All-In-One кертриџ
Капацитет од 500 листа (A4)