Категории » Принтери » Ласерски »

i-SENSYS LBP3460

Поголема брзина на печатење
Моделот i-SENSYS LBP3460 нуди високо-продуктивна брзина на печатење од 33 страни во минута. Идеален е за обемно печатење и интензивно користење, а прави професионални копии за сите Ваши документи. Каноновата технологија On-demand fixing буквално го елиминира времето за загревање и чекање. Првата копија излегува по само 8 секунди па и помалку.

Практичнa поддршка за PCL 5e/6
Поддршката за PCL 5e/6 обезбедува максимална компатибилност и го овозможува користењето на овој печатач во постоечки PCL околини.
Постои поддршка и за Каноновиот сопствен печатачки јазик со големи перформанси UFR II.

Вградена опција за мрежно работење
Делете ги ресурсите на печатачот за максимална продуктивност преку стандардниот вграден уред 100BASE-TX/10BASE-T за мрежно работење. Едноставно се инсталира, се користи и се контролира од секој поврзан компјутер. Интерфејсот USB 2.0 Hi-Speed ја забрзува обработката на слики помеѓу компјутерот и печатачот.

Вграден уред за двострано печатење
Стандардниот вграден уред за двострано печатење овозможува двострано автоматско печатење со само едно притискање. Направете ги Вашите извештаи попрофесионални и истовремено заштедете на трошоците за хартија.

Професионални и квалитетни копии
Резолуцијата од 600 x 600 dpi овозможува професионални и квалитетни резултати. Оваа резолуција може да се зголеми до 2400 x 600 dpi со помош на Каноновата технологија Automatic Image Refinement. Направете јасни, остри копии за Вашата целокупна работа – текст, слики или графика.

Погоден All-in-One кертриџ
Едноставно заменете го Каноновиот All-in-One кертриџ, кој содржи тонер и останатите важни делови и Вашиот печатач ќе биде како нов. Не се прави неред и лесно се одржува – има само континуирано високо квалитетни резултати. Опционален кертриџ чиј тонер има поголем капацитет Ви овозможува да печатите скоро дупло повеќе страни.

Снабдување хартија
Моделот i-SENSYS LBP3460 доаѓа во комплет со касета за 250 листа со дополнителна мултифункционална касета за 100 листа – според Вашите потреби, можете да печатите на различни формати на хартија. Достапна е и опционална касета за 500 листа во случај на обемно и интензивно печатење.

Фронтална операција
Овој елегантен, габаритен печатач што заштедува простор е дизајниран за фронтална операција. Лесно може да се смести во најтесните простори и овозможува лесна замена на кертриџ и хартија од предната страна.

Ласерски печатач со брзина од 33 страни во минута, наменет за интензивно користење
Поддршка за PCL 5e/6
Вградена опција за мрежно работење
Вграден уред за двострано печатење
Резолуција: 2400 x 600 dpi (подобрено)
All-in-one кертриџ
Максимум капацитет од 850 листа