Категории » Принтери » Ласерски »

i-SENSYS LBP5100

Брзо и професионално печатење во боја
Користете ги придобивките од големата брзина на печатење од 10 страни во минута во боја и 12 страни во минута еднобојно со овој компактен, тивок и робустен ласерски колор печатач. Вклучете го уредот и почнете со печатење скоро веднаш – првата копија излегува за отприлика 20 секунди. Технологиите Colour CAPT и Hi-SCoA гарантираат брза обработка и изведба, така што можете да печатите без чекање.

Вграден уред за автоматско двострано печатење
Погодниот вграден уред за автоматско двострано печатење Ви заштедува време и пари. Намалете ги трошоците за хартија и едноставно печатете попрофесионални документи и брошури. 

Брза прва копија, нула време за загревање
Користете ги придобивките од брзиот излез на прва копија со нула време за загревање од sleep mode во истиот момент кога ќе треба да печатите, благодарение на технологијата Colour On-Demand Fixing во комбинација со нашиот On-Demand S-Toner and controller технологија. Исто така, технологијата Colour On-Demand Fixing гарантира ефикасно и тивко работење.

Професионални и квалитетни копии
Усовршената резолуција од 9600 x 600dpi овозможува високо квалитетни и професионални резултати. Квалитетниот S-Toner обезбедува интензивни и јасни бои и јасен текст за Вашата целокупната работа.

All-in-One колор кертриџи
Рентабилните All-in-One колор кертриџи ја намалуваат потребата од одржување и гарантираат континуирано високо-квалитетен резултат. Едноставно заменето го компактниот кертриџ – кој содржи тонер, ваљак и уредите за чистење – и печатачот ќе биде скоро како нов.

Флексибилно снабдување хартија
Со печатачот добивате стандардна касета за 250 листа. Достапна е и опционално касета за 250 листа за обемно печатење. Можете да печатите на различни формати хартија се до А4.

Опција за мрежно печатење
Опционалната картичка NB-C2 network interface заедно со Remote User Interface (RUI) го трансформира моделот i-SENSYS LBP5100 во продуктивен мрежен печатач. Едноставен е за инсталирање и користење. Тој е идеално решение за мали работни групи кои сакаат да ги делат печатарските ресурси.

Елегантен дизајн што не зафаќа простор
Елегантниот ласерски колор печатач што не зафаќа многу простор е дизајниран за фронтална операција. Лесно може да се смести во најтесните простори и овозможува лесна замена на кертриџ и хартија од предната страна.

Компактен ласерски колор печатач
Брзина на печатење: 10 страни во минута колор, 12 страни во минута еднобојно
Вграден уред за автоматско двострано печатење
Брза прва копија
Резолуција од 9600x600dpi
All-in-One кертриџи
Касета за 250 листа и опционална касета за уште 250 листа
Опција за мрежно печатење