Дополнителни информации Моделот imagePROGRAF iPF610 е 24” печатач за големи формати (А1), кој гарантира одлични резултати – без разлика дали се креираат привлечни графики за клиенти или се прикажуваат детални архитектонски планови за CAD апликации.
Оптимален квалитет на слика и продуктивност за Вашиот бизнис Моделот iPF610 го користи Каноновиот систем составен од мастило со пигмент-боја од 5 бои, за совршени резултати во Вашиот бизнис. Каноновата 1-инчна печатачка глава овозможува резолуција од 1200 dpi, 4 пиколитри капки мастило и импресивни 15,360 прскалки. Реактивниот систем од 5 бои го зголемува квалитетот на копиите со тоа што спречува излевање на боите и овозможува складност на сликата. Копиите се со голема прецизност и точност – без разлика колку е детален оригиналот. Поради големата брзина на печатење, моделот iPF610 е идеален за печатење детални планови кои итно Ви се потребни – повеќе не мора да ги препраќате кај локален професионален печатач.
Идеален за посебни CAD апликации Моделот iPF610 е дизајниран за да обезбеди квалитетен приказ на линиите потребни за професионално користење на CAD. Како надоврзување на успехот на неговиот претходник - моделот iPF600, овој модел сега нуди потполна поддршка за специјални CAD фајлови со формат HP-GL/2, потоа HP RTL формат, а има и HDI драјвер за Windows. Меморијата од 256MB овозможува брза обработка дури и на најсложените фајлови.
Едноставно ракување со уредот LCD-контролниот панел има графички анимации кои гарантираат брзо и лесно снаоѓање со уредот – дури и ако никогаш претходно не сте работеле со голем формат. Моќниот софтвер кој е лесен за користење помага во процесот – на овој начин лесно можат да се извршуваат уште покомплицирани задачи. Иако како дизајн е многу компактен, моделот iPF610 исто така вклучува и 4 патеки за медиуми (media path) - цилиндар, касета и две прирачни. Всушност, системот cassette media-feeding овозможува да се ставаат нови листови уште пред да биде исфрлен претходниот. Ново дизајниран вентилатор овозможува системот да работи навистина тивко – така што ќе бидете забележани по резултатите, а не по буката.