Категории » Професионална Опрема » Плотери »

imagePROGRAF iPF5100

Дополнителни информации
Печатете високо квалитетни копии на формат А2 со помош на Каноновиот систем од пигмент мастило со 12 бои, кој овозможува импресивен избор на бои. Моделот iPF5100 е наменет за печатење на големи формати, а користи и нова технологија за калибрирање бои, притоа изработувајќи копии кои секогаш импресионираат.

Високо квалитетни копии
Моделот iPF5100 изработува копии на формат A2 со извонреден квалитет благодарение на Каноновиот прв индустриски систем LUCIA II составен од пигмент мастило со 12 бои и двојна печатачка глава. Овие 12 бои не само што овозможуваат навистина голем избор, тие користат помалку мастило од обичните системи со што се намалува мешање на боите и се намалуваат трошоците. LUCIA мастилата иста така овозможуваат копии со рамномерна градација на бои, намалена зрнатост и бронзирање, за резултати кои постојано импресионираат.

Сигурен и прецизен
Моделот iPF5100 вклучува вграден систем за калибрирање бои кој лесно се користи и кој овозможува одлични резултати без непотребно губење време. Овој уред има уникатна карактеристика која (откако еднаш ќе се искалибрира) му овозможува да го регулира излевањето на мастилото зависно од медиумот на кој се печати – на тој начин нема потреба од надворешни уреди за калибрирање. Првичната калибрација трае само 10 минути.

Одлична продуктивност
Како сите Канонови печатачи imagePROGRAF и моделот iPF5100  користи двојна печатачка глава која може да собере до 30,720 прскалки во само две 1-инчни печатачки глави. Ова резултира со 4 пиколитри капки мастило кои гарантираат рамномерна градација на боја, високо дефиниран израз и прецизност.
Покрај овие стандардни печатачки перформанси, моделот iPF5100 може да изработува две скици за само 41 секунда.
Системот од трократно внесување медиуми обезбедува вистинска флексибилност - може да се печати на различни медиуми, од платно па до светкави материјали со дебелина од 0.07мм до 1.5мм.

Достапен е голем избор на моќни софтверски апликации, кои овозможуваат користење на уредот iPF5100 во деловни средини, но и во средини специјално наменети за печатење:
• imagePROGRAF Digital Photo Front Access овозможува едитирање на слика со притискање на едно копче.
• imagePROGRAF Plug-In за Photoshop им овозможува на корисниците да експортираат RGB слики од 16 бита обработени со Adobe Photoshop директно во печатач imagePROGRAF
• Poster Artist (Optional) Poster Creation овозможува лесно креирање на привлечни постери благодарение на изборот од преку 1,000 темплејти и слики.

Едноставно ракување со уредот
Моделот iPF5100 е дизајниран првенствено за корисниците. Алатката  Automatic skew correction и големиот LCD дисплеј ги потсетува корисниците за типот на медиум кој се користи и за останатите можности за печатење, со цел сигурна и постојана продуктивност.

Сјајни копии без рамка, А2 формат, за помалку од 2 минути
Mастила со 12 бои за навистина голем избор
Ефикаснo работeње со помош на 4 патеки за медиуми (media path)
Интуитивен софтвер лесен за користење
Повеќе бои, а помалку мастило - одлична инвестиција