Дополнителни информации Моделот iPF6100 печати високо квалитетни копии на формат А1. Со помош на Каноновиот систем од пигмент мастило со 12 бои уредот овозможува голем избор на бои, брзи и прецизни копии. Тој е многу едноставен за користење.
Високо квалитетни копии Моделот iPF6100 изработува копии на формат A1 со извонреден квалитет благодарение на Каноновиот прв индустриски систем LUCIA II составен од пигмент мастило со 12 бои и двојна печатачка глава. Овие 12 бои не само што овозможуваат навистина голем избор, тие користат помалку мастило од обичните системи со што се намалува мешање на боите и се намалуваат трошоците. LUCIA мастилата иста така овозможуваат копии со рамномерна градација на бои, намалена зрнатост и бронзирање, за резултати кои постојано импресионираат.
Сигурен и прецизен Моделот iPF6100 вклучува вграден систем за калибрирање бои кој лесно се користи и кој овозможува одлични резултати без непотребно губење време. Овој уред има уникатна карактеристика која (откако еднаш ќе се искалибрира) му овозможува да го регулира излевањето на мастилото зависно од медиумот на кој се печати – на тој начин нема потреба од надворешни уреди за калибрирање. Првичната калибрација трае само 10 минути.
Одлична продуктивност Како сите Канонови печатачи imagePROGRAF и моделот iPF6100 користи двојна печатачка глава која може да собере до 30,720 прскалки во само две 1-инчни печатачки глави. Ова резултира со 4 пиколитри капки мастило кои гарантираат рамномерна градација на боја, високо дефиниран израз и прецизност. Покрај овие стандардни печатачки перформанси, моделот iPF6100 може да изработува две скици А1 формат за само 67 секунди. Системот од трократно внесување медиуми обезбедува вистинска флексибилност - може да се печати на различни медиуми, од платно па до светкави материјали со дебелина од 0.07мм до 1.5мм.
Достапен е голем избор на моќни софтверски апликации, кои овозможуваат користење на уредот iPF5100 во деловни средини, но и во средини специјално наменети за печатење: • imagePROGRAF Digital Photo Front Access овозможува едитирање на слика со притискање на едно копче. • imagePROGRAF Plug-In за Photoshop им овозможува на корисниците да експортираат RGB слики од 16 бита обработени со Adobe Photoshop директно во печатач imagePROGRAF • Poster Artist (Optional) Poster Creation овозможува лесно креирање на привлечни постери благодарение на изборот од преку 1,000 темплејти и слики.
Едноставно ракување со уредот Моделот iPF6100 е дизајниран првенствено за корисниците. Алатката Automatic skew correction и големиот LCD дисплеј ги потсетува корисниците за типот на медиум кој се користи и за останатите можности за печатење, со цел сигурна и постојана продуктивност.