Категории » Професионална Опрема » Плотери »

imagePROGRAF iPF9000S

Голема продуктивност
Уредот iPF9000S е најпродуктивен 60” печатач во својата класа. Достигнува максималната брзина од 37.4sqm на саат, а двојната печатачка глава и  4 пиколитри капки мастило овозможуваат резолуција од 2400 x 1200 dpi. Резултатот е совршен спој од брзина и продуктивност.

Користете го новиот Economy Print мод за да печатите високо квалитетни копии за помали трошоци. Овој мод овозможува печатење со резолуција од 1200 x 1200 dpi при голема брзина, на обложени и необложени хартии, преку регулација на тиркизното мастило и мастилото магента.  Потрошувачката на мастило се намалува за 10% до 20%.

Вградениот хард драјв од 80GB ја зголемува меморијата, додека Каноновиот иновативен систем ink tank овозможува континуирано печатење дури и кога кертриџите треба да се заменат. Достапни се и дополнителни кертриџи со поголем капацитет - од 330мл или 700мл.

Високо-квалитетна боја
Системот од пигмент мастило LUCIA со 8 бои овозможува голем избор на бои, а вклучената сива боја овозможува рамномерна градација на бои и намалена зрнатост на копиите. Други карактеристики се и поголем отпор на гребење и неизбледливост на копиите, до 120 години.

Ускладена боја
Моделот iPF8000 има вградено алатка за калибрација на бои, која ги регулира разликите во бојата помеѓу индивидуални печатачки глави или печатачи за само 10 минути. 

Едноставно ракување со уредот
Големиот LCD овозможува интуитивно ракување со уредот. Алатката  Automatic Skew correction на моделот iPF8000S ги поправа грешките настанати како резултат на погрешно ставена хартија, а еден нов систем за ладење овозможува подобра работна околина.

Збогатен софтвер
Различниот избор на софтверски решенија го комплетираат пакетот на моделот iPF8000S.
Digital Photo Front Access импортира дигитални фотографии од дигитални апарати, овозможувајќи им на потрошувачите да ги уредуваат своите фотографии користејќи визуелни алатки, пред истите да ги внесат како дел од постери.

Canon Photoshop Plug-in може да претвори слики од 16 бита во Photoshop на слики од 12 бита за печатење на imagePROGRAF печатачи.

Canon PosterArtist Ви помага да создадете професионални постери, банери и натписи во четири лесни чекори преку различни темплејти, слики со висока резолуција и клипарт.

Со помош на двојна печатачка глава, моделот iPF9000S печати со брзина од 37.4sqm/hr
Систем од пигмент мастило LUCIA со 8 бои; овозможува брзо печатење на копии - трајност до 100 години
Економичен мод за помали трошоци