Ако Ви е важен квалитетот одберете го imagePRESS C1 Моделот imagePRESS C1 е дизајниран заради потребите од висок квалитет. Зошто да се биде само добар - не е доволно. Со брзина од 14 страни во минута во боја и 60 страни во минута црно-бело, оваа машина е идеална за печатење на повеќе страни документи. Овој степен на продуктивност во комбинација со дополнителни опции за обработка на медиуми го прават овој уред квалитетен избор за брзо и лесно производство на short-run colour и за print on demand.
На кој начин е способен imagePRESS C1 за создавање нови стандарди во квалитетот на дигитални слики? Преку Каноновиот нов V тонер ние откривме начин како да ги комбинираме најдобрите елементи од водечките технологии со систем кој овозможува многу голем избор на бои, извонредна складност и стабилност и произведува високо-квалитетен резултат.
Издржлив ваљак Револуционерната покривка на ваљакот овозможува доследна складност на печатење во боја, печатење по печатење, месец по месец.
Извонредна складност на различен вид медиуми Каноновиот иновативен систем Advanced Image Transfer Belt (AITB) го надминува проблемот на нееднаква дистрибуција на боја со примена на делумно еластичен појас. Тој се подесува за да направи скоро совршен спој со медиумот на кој се печати, еднакво разместувајќи го тонерот за одлична складност на сликата.
Offset слики Се применува нов систем кој ја елиминира потребата од користење масло во процесот на фиксирање. Резултатот е производ без меури и со изглед сличен на offset продукција. Напредниот систем за контрола на стабилноста на слика гарантира постојано снабдување со соодветната количина на тонер за да се постигне одлична складност на боја на подолг временски период.
Поддршка за медиуми и детален финиш Деталната библиотека на медиуми му овозможува на уредот imagePRESS C1 автоматски да ги подеси параметрите за печатење, за оптимални перформанси за секој вид супстрат, вклучувајќи и обложени медиуми. Постојат и мможностите за довршување на производите, како што се правење saddle stitch брошури итн.
Интеграција во работата Големиот избор на алатки и функционалност овозможува лесна интеграција на уредот во Вашата постоечка работа. Уредот има поддршка за интеграција во работата пред самото печатење и самото производство, благодарение на голем избор на алатки кои помагаат за оптимизирање на работата.