Impegna

Сервис

Импегна е авторизиран Канон Сребрен Сервисен Партнер и вработува 5 високообучени сервисери, оспособени за одржување и поправка на апаратите од програмата на Канон, а во последно време компанијата ја прошири својата дејност со одржување на фотокопирни апарати и од програмата на Рикох, Ксерокс, Нашуа, Минолта и други производители. Тие редовно ги посетуваат семинарите за обука на специфичните апарати во центрите за обука овластени од Канон и од другите производители. Преку континуираната поддршка која ја има, сервисот на Импегна се снабдува со стручна литература, сервисна документација, каталози со резервни делови, како и со сервисни билтени.

Сервисот располага со специјален прирачен алат, како и со специјален софтерски алат (service support tool), со кој навремено и без проблеми ги дијагностицира и отстранува дефектите на сите видови апарати од програмата на Канон. Сервисот поседува и голем возен парк, составен од 5 патнички возила, 2 пик-ап возила и едно комби Сите делови кои се вградуваат се од оригинално производство и се со сертификат за квалитет ИСО 9002.